Полицијата информира за инцидент во кој две жени вчера физички се пресметале во продавница.
Според МВР, вчера во 19.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект на подрачјето на Кисела Вода бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка.
Се степале 43-годишната М.Ј. и 25-годишната Б.А.П., двете од Скопје, извести полицијата.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.