475
Тепачка меѓу двајца скопјани прераснала во физички напад и врз полицајци – стои во билтенот на МВР. Немилиот настан се случил на 15.02.2025, кога во 20:40 часот во СВР Скопје А.Д.(23) од Скопје пријавил дека во населбата Ќерамидница во Скопје бил физички нападнат од Г.К.(28) од Скопје, кој употребил и тврд предмет.
Потоа, Г.К. ги нападнал и полициските службеници кои дошле на местото на настанот и го оштетил службеното возило, по што од страна на полициските службеници е лишен од слобода.
-При тоа, и А.М. физички ги нападнал полициските службеници, по што се дал во бегство. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци, информираат од полицијата.