Тепачка меѓу жени во Неготино – три завршија во полициска станица

Една од инволвираните завршила во болница, додека три биле приведени во полициска станица

од Nikola Popovski
27 прегледи Фото: Архива

Четири девојки се пресметувале во Неготино. 31-годишната Д.Б. завршила во болница каде ѝ биле констатирани повради.

„Денеска во два часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ги приведоа 34-годишната Б.Џ., 26-годишната С.К. и 31-годишната С.Д., сите од овој град, затоа што на улица „Даме Груев“ во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ. и С.Д. од една страна и С.К. и 31-годишната Д.Б. од Неготино, од друга страна, при што Д.Б. се здобила со повреди, констатирани во медицинска установа, велат од СВР Велес.

По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.“, велат од МВР.