МВР информира дека жена од Скопје пријавила напад во полициска станица.
„С.В.(49) од Скопје синоќа во 20:07 часот во Полициската станица Ѓорче Петров пријавила дека во 19:45 часот на паркинг на подрачје на Ѓорче Петров била физички нападната од О.Ѓ.(40) од Скопје“, велат од полицијата.
Според пријавата, нападот бил по претходна расправија.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.