Тепачка по натпревар: Фудбалер заврши во болница

од Nikola Popovski
67 прегледи

Тепачката во Третата македонска фудбалска лига при што еден од повредените фудбалери завршил во болница. Според Охридската полиција, на 13.04.2025 во 22.00 часот во селото Волино, општина Дебрца, полициски службеници од СВР Охрид од слобода го лишија С.Б.(43) од истото село.

-Тој, по завршување на фудбалски натпревар од Третата фудбалска лига во Волино, физички го нападнал Р.Н.(25) од ресенското село Грнчари, фудбалер од гостинската екипа, кој бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид за укажување помош.

По целосно документирање на настанот, против напаѓачот ќе биде поднесена соодветна пријава, стои во полицискиот билтен.

Слични содржини