Тепачка во Охрид после сообраќајна несреќа, приведени две лица

од Nikola Popovski

Инцидент во Охрид на кружниот тек на пресекот помеѓу во Туристичка и улицата Стив Наумов.

Фото: Борче Поповски

Од СВР  Охрид соопштија дека на 15.07.2020 во 14.30 часот, по случена сообраќајна незгода на пресекот на булеварот „Туристичка“ со улицата „Стив Наумов„ во Охрид, нарушен е јавниот ред и мир со тепачка помеѓу В.Л.(45), К.Д.(21), Ф.Д.(37), С.Д.(56) и Д.Б.(22), сите од Охрид. По незгодата, Ф.Д. започнал вербална расправија со К.Д. во која подоцна се вклучиле и останатите учесници. Двајцата се приведени и против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Слични содржини