732
Скопјани се степале за паркинг место во Кисела Вода, стои во полицискиот билтен.
Министерството за внатрешни работи информираше дека вчера во 18.05 часот во Полициска станица Кисела Вода е пријавено дека по претходно недоразбирање околу паркинг место бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.З.(31) и М.Ш.(56), двајцата од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.