На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во Дебар Маало.
Граѓан на „Фејсбук“ обвини дека станува збор за групна тепачка меѓу млади, која според него се случува секој викенд. На видеото се гледаат турканици и во еден момент групата млади бега.
-На 23.09.2022 во 23.50 часот во СВР Скопје, Р.М.(44) од Скопје пријавил дека околу 22.00 часот на ул.„Орце Николов“, во близина на сендвичарница, четири малолетнички, по вербална расправија, физички ја нападнале неговата малолетна ќерка. Според пријавеното, причина било претходно недоразбирање околу нарушени другарски односи на училиште. Полициски службеници излегле на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот, соопштија од МВР.