Тереза Меј и официјално поднесе оставка

од desk2
65 прегледи

Британската премиерка Тереза Меј денеска официјално ја извести Кoнзервативната партија дека поднела оставка на местото претседател на партијата.

Со тоа започна трката за нејзин наследник, кој ќе биде и следен британски премиер.

Меј ќе остане премиер и ќе ја врши должноста претседател на партијата додека пратениците и членовите на Конзервативната партија не изберат нов лидер, во изборниот процес кој ќе трае неколку недели.