Тоа се знае уште од јуни: Велика Британија ја напушта ЕУ – најверојатно во 2019 година тоа што се уште не знаеме, е каков ќе биде разводот меѓу Лондон и Брисел, анализира DW.

Секој новоизбран владетел ужива во една непишана привилегија – остави го на мира во првите 100 дена од неговиот мандат. И дури потоа критиките се дозволени, пишува во анализата DW. Во политиката тоа е традиција. Тереза Меј, британската премиерка, сега е точно на границата меѓу двата периодa. По јунските бура се уште е мирно околу неа. Засега. Пак и уште ништо не се случило. Но постепено започнуваме да се прашуваме каков е нејзиниот план?
Доаѓањето во “Даунинг стрит” 10 таа го должи на една револуција – бунтот на “милиони игнорирани граѓани, каков се случува само еднаш на една генерација”, како што изјави Меј на конгресот на ториевците. На референдумот, кој нејзиниот претходник Дејвид Камерон не сакајќи го спроведе, преовладуваа приврзаниците на Брекзитот и сега Тереза Меј е онаа која треба да ја оствари во пракса.
Резултатот од гласањето сепак во никој случај не беше “несреќен случај”, како гледаат на него во Брисел. Социологот Џон Кертис наведува дека Британците очигледно не жалат за одлуката. И ако требаше да гласаат повторно, тие ќе го потврдеа својот глас, тврди тој. Дури самата Меј првично беше против Брекзитот, но сега си го присвојува.
Едвај беше влезена на “Даунинг стрит” и Тереза Меј се упати најнапред во Берлин, каде што требаше да ги ислуша и и тоа со доста критика. На пример тоа дека ЕУ не сакала Велика Британија да ја напушти Унијата, ја уверуваше ја канцеларката Меркел. Сега британските конзервативци расправаат за тоа на кој начин да се оствари политичкиот и економски развод меѓу ЕУ и Велика Британија. А Тереза Меј е далеку се уште нема јасен концепт за тоа.
Ториевците – за силна држава
Јасно е само тоа: дека по референдумот британските конзервативци го променија односот кон Брекзита. Очигледно ги нема времињата кога тие се потрудија да ја држат економијата подалеку од канџите на државата, односно да ја “чуваат” од неа.
Тереза Меј меѓувреме инсистира на силна држава која ќе ја води низ “стрмнини и балансот во корист на работниците”. Очигледно доаѓа крај и на строгата политика на штедење, од кој настрадаа најчесто луѓето со пониски приходи. По тој повод Меј рече дека сериозно ја зема грижата на луѓето кои се наоѓаат губитници од глобализацијата. Нивните стравови од имиграцијата не треба да се игнорираат, со образложение дека биле “провинциски”.
Напротив дури – британската премиерка се позиционира сега цврсто на страната на урбаните и либералните елити. Таа има намера да поведе борба против бонусите на концерните, да ги затне даночните дупки и се прогласува за посилна регулација на финансиските пазари.
Слободната пазарна економија има потреба од поправка, работите повеќе не можат да продолжат така, вели Меј. Дури и да не поверува човек на ушите, бидејќи во случајот станува збор сепак за централни теми за лабуристите.
Но, откако политичката конкуренција под водство на Џереми Корбин презеде цврсто лево, конзервативците се обидуваат да се сместат во осиромашрениот политички центар. Во својот говор на партискиот конгрес во Бирмингем на почетокот на месецот Тереза Меј проговори за “новата средина”.
Од овој говор наваму конзервативците се прашуваат колку од предизборните ветувања на својот претходник (Камерон) Меј може да остави зад себе, без тоа да резултира во повиците за нови избори. Во секој случај таа веќе ја олабави неговата строга политика на штедење и така ја погреба целта за постигнување на буџетски суфицит до 2020 година.
Засега партијата ја следи. Тереза Меј, која неодамна наполни 60 години, се покажува како апсолутна приврзаничка на строга контрола. Откако во 1997 година таа влезе во Долниот дом на парламентот, редовно ги следи оние што прават ресорните шефови. Пред да донесе некаква одлука, таа долго проверува, информира и на тој начин се елиминира опасноста од прием на груби грешки, велат луѓе кои работеле со неа во Министерството за внатрешни работи, кое таа го предводи во 2010 година.
Оваа тактика ја зближува донекаде со Ангела Меркел. Нејзин заштитен знак се островските женски чевли во леопард дизајн. Но, овој моден акцент во никој случај не ја прави да изгледа како некоја модна лелејка. Напротив, светот зборува не е меѓу најсилните говори, а нејзин специјалитет се повеќе сувата објективност.
Ова и овозможува на страсната танчерка барем досега да се движи безбедно на политичкиот паркет. Нејзиниот лик внесува респект, само дека сепак останува прашањето како ќе успее да ја позиционира Британија по Брекзитот.
Се повеќе се чини варијантата “хард” Брекзит. Во почетокот на октомври “Фајненшл тајмс” дури изјасни за тоа дека Лондон е во фер позиција да си земе дел од резервите на ЕУ од близу 45 илјади шишиња коњак и вино. Да не зборуваме за општите уметнички дела и недвижностите на европското семејство.
Со други зборови – претстојат многу детални разговори околу разделбата кој спектакл уште е обвиткан во магла. Но суштината на предметот е друга: Тереза Меј сака најмногу да ја запре имиграцијата од ЕУ. Само дека слободата на движење е еден од најважните принципи на заедницата, односно не подлежи на преговарање. И ако Британија цврсто држи на тоа, тоа останување во царинската унија станува незамисливо.
ЕУ едноставно нема да се согласи да има слободно движење на стоки и услуги, но тоа да не важи за луѓето. Се зборува многу за потпишување на договор за слободна трговија со Велика Британија. на тој начин би можеле да отпаднат царините, но не и бирократските пречки, на пример дозволи, кои ќе треба да бидат договорно поединечно.
За матрица може да послужи Договорот за слободна трговија меѓу ЕУ и Канада. Само што овој договор одзеде многу време, преговорите продолжија цели седум години. Брисел не може да прави големи отстапки на Велика Британија, дури и само затоа што не може да ја става картичката на единството на Унијата.
Затоа повеќе веројатна изгледа премногу развод со ЕУ. Тереза Меј зададе веќе насокаа: “напуштањето на ЕУ е да стане целосно суверена и независна држава”, рече таа. А тоа значи: повеќе контрола на границите и помалку пристап до внатрешниот пазар. Само што никој уште не може да се замисли како точно ќе функционира ова. Ниту во Лондон, ниту во Брисел.