Главниот осомничен за терористичкиот акт во Кристчерч, 28-годишниот Брентон Тарант, беше донесен пред Окружниот суд во Нов Зеланд, објавија новинските агенции.
Потсетуваме дека 49 муслимани беа убиени за време на нивната петочна молитва.
За првото сослушување во случајот, бомбашот бил донесен на суд од двајца вооружени чувари , а потоа судијата Пол Келер го прочитал обвинението.
Нов Зеланд Хералд објави дека Тарант не покажал никакво каење. Додека го снимале, тој покажал нацистички гестови.
Откако го прочитале обвинението, тој бил изнесен надвор од судот без изјави на неговиот адвокат. Сесијата траеше околу една минута.
Следното рочиште е закажано за 5-ти април.