Терористот во Стразбур им  бил  познати на француските власти како радикален исламист .  Неговото име е Шериф Шекат и има 29 години, објавија светските новински агенции.

Според канцеларијата на францускиот обвинител, за време на нападот тој извикувал “Алах Акбар ” .

Шакат убил  тројца и ранил најмалку 13 лица додека стрелал во близина на познатиот божикен пазар во Стразбур.

Француската полиција сé уште трага по Шахт,  со големата операција во која учествуваат 350 војници и полицајци, како и хеликоптери. Неговите мотиви сè уште не се познати.

Во меѓувреме, француската полиција  ги  уапси двајцата браќа на терористот Уапсени се уште двајца негови роднини – мајка му  и таткото.

   Шакат веќе бил  баран за вооружен грабеж пред нападот во центарот на Стразбур.

Германската полиција соопшти дека Шекат  еднаш бил уапсен во Германија во 2016 и 2017 година за кражба и подоцна бил екстрадиран во Франција.

Тој има вкупно 27 пресуди за кражби и други злосторства во Франција, Германија и Швајцарија. Тој бил затворен неколку пати. Бил познат на затворските власти како личност која била радикализирана и која се обидувала да ги радикализира другите луѓе.

Француската полиција претходно го подигна нивото на алармирање и испрати полициски засилувања во Стразбур. Беше прецизирано дека Шекат бил ранет во престрелка со војници по нападот, но успеал да избега со такси .Не се исклучува можноста да се префрлил во соседна Германија. Терористите бил  вооружен со пиштол и со нож .