(ВИДЕО) Теророт во Кенија: Исламистите обезглавувале студенти-христијани, досега 150 мртви

од desk3
104 прегледи

Близу 150 лица станаа жртви на исламистите од групата “Ал Шабаб” кои нападнаа универзитет во Кенија, во кој застрелаа и отсекуваа глави на студентите-христијани.

20150403.tkdigeavyu

Терористичкиот напад е најкрвавиот во земјата по 17 години. Групата го нападна кампусот на Универзитетот во Гариса,го застрела обезбедувањето на кампусот и ги убиваше сите кои ги сомничеше дека се христијани. Според агенцијата за вонредни ситуации на Кенија, бројот на жртвите на терористичкиот акт достигна 147 лица. Повредени се 79 лица. Извори од силите за безбедност на земјата, кои се наоѓаат на местото на трагедијата, изјавија дека десетици заложници беа ослободени и се ликвидирани четворица терористи.

Се смета дека нападот е најкрвавиот што се изведуваат на кениското територија од бомбашкиот напад врз амбасадата на САД во Најроби во 1998 година, при што загинаа над 200 лица. Терористите го исполниле пеколниот план среде Страсната седмица за католиците. На денот на масакрот учениците-христијани се подготвувале да ја одбележат Тајната вечера.

Слики, распространети на социјалните мрежи,ги покажуваат крвави дамки на ѕидовите, тела на студентите и скршени дрвени столици.

Силите за безбедност на Кенија соопштија дека едниот од напаѓачите е уапсен при обид да избега. Прогласена е и награда од 145 000 фунти за главата на Мохамед Мохамуд, познат како Дулејдин кој се осомничен за организирање на атентатот.
Според кениското разузнавање, Мохамуд е на чело на одделот за надворешни операции на “Ал Шабаб”.

Студентот Омар Ибрахим изјави за News24 Kenya: “Бев во група, спасена од кениските сили за безбедност. Видовме многу тела, некои немаа глави. Не знам зошто некој би направил такво нешто “