Скопјанец е тешко повреден откако удрил во жардиниера на скопска раскрсница, стои во полицискиот билтен.
– На 07.08.2025 околу 06:10 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ф.Х.(32) од Скопје, удрило во бетонска жардиниера.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ во Скопје, информираат од МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.