Тешка ноќ во Украина: Русија изврши напади со 11 дронови и пет проектили

од Stefanija Kuzmanovska
163 прегледи

Русија во текот на ноќта ја нападна територијата на Украина со 11 дронови камикази од типот Шахед и пет проектили, соопшти украинската армија.

Како што е наведено, украинските сили и средствата за противвоздушна одбрана уништија крстаречка ракета „Искандер-К“ и 10 јуришни дронови.

„Руските окупатори извршија нов напад врз Украина, користејќи 4 противвоздушни наведувани ракети С-300, крстосувачка ракета Искандер-К и 11 јуришни дронови Шахед-136/131“, објави на Фејсбук Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува „Униан“.

Според соопштението, во рускиот напад е оштетена Централната градска болница во градот Селидово во Доњецката област, како и зградата на рудникот Котљаровскаја и друга цивилна инфраструктура.

Слични содржини