337
МВР информира за тешка сообраќајна несреќа што се случила на автопатот Скопје-Тетово во близина на натпатникот за Требош. Според информациите, сообраќајката се случила меѓу три патнички и едно товарно возило, а според првичните искази пријавени во СВР Тетово имало и четврто возило за кое се тврди дека го напуштило местото.
-Едно лице го загуби животот, а две се пренесени во Клиничка болница Тетово за укажување помош. На местото се полициски службеници, како и вработени на Тетовската територијална противпожарна единица која интервенираат на возилата и Итна медицинска помош. Се очекува во увидот да се вклучат и претставниците на тетовското Обвинителство, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.