Од СВР Битола соопштија дека во тешка сообраќајна несреќа во близината на Ресен попладнево, загинале две лица.
„Денеска, околу 13 часот и 40 минути на местото викано „Макази“ на излез од Ресен, во правец на Битола, дошло до судар помеѓу патничко возило Мерцедес со охридски регистарки таблички и товарно возило Волво. Со повреди се здобиле две машки лица од патничкото возило, кои починале на лице место“, информираат од полицијата.
Полицијата врши увид кој треба да ги расветли причините за трагичниот настан