Тешка сообраќајка на патот Битола – Ресен, две лица се повредени

од Nikola Popovski

МВР соопшти дека две лица се повредени во сообраќајка на патот Битола – Ресен. Според информациите на МВР, несреќата се случила вчера во близина на село Братиндол, битолско.

Во несреќата учествувале автомобил „голф“, управуван од П.М.(31) од с.Ротино, битолско и камион „дфм“, управуван од П.М.(71) од с.Облаково, битолско, двете со битолски регистарски ознаки.

По незгодата двајцата возачи се пренесени во Клиничка болница Битола, каде кај П.М.(71) биле констатирани тешки телесни повреди, а кај П.М.(31) телесни повреди. Увид на местото на незгодата извршила екипа од СВР Битола

Слични содржини