Тешка сообраќајна несреќа се случи ноќеска на полноќ на влезот на Скопје во правец кон населбата Ченто поради што беше блокиран и автопатот, јави новат в.мк.
Како што пишува порталот, трите возила се целосно уништени во сообраќајната несреќа. Од фотографиите може да се види дека возилата се забиле во заштитната ограда на патот. На местото на несреќата се пристигнати две возила на Итната медицинска помош, но нема информација колку луѓе се повредени и дали има загинати.
Претходно, според очевидци, неколку повредени лежеле на патот. Луѓе со мобилни телефони сигнализирале на возилата што доаѓаат за да ги предупредат.