399
Две загинати момчиња со потекло од Македонија е епилогот од тешката сообраќајна несреќа во Италија.
Тие со автомобил „Фиат Пунто“ се судриле во „Голф“ во Терзо (Алесандрија) на локалниот пат што води од Ница до Аки Терме. Во сообраќајката има и тројца повредени, од кои еден е хоспитализиран во многу тешка состојба, објави италијанска „La stampa“.
Според информациите, станува збор за С.С. (18) и М.Г. (17), со потекло од Кочани и Виница. Момчињата живееле во Ница, а во автомобилот имало уште двајца нивни другари.
Возачот на Голфот, 46-годишен маж, пак, од несреќата излегол со полесни повреди.