Едно лице го изгуби животот, а повеќемина се повредени во тешката сообраќајна несреќа која се случи утрово на автопат близу Постојна во Словенија.
![]()
Според првичните информации на словенечката полиција, несреќата се случила кога едно товарно возило поради дефект застанало, а во него директно удриле друг камион, комбе и еден автомобил. Идентитетот на починатото лице и повредените се уште се утврдува, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Повеќе инфомрации за точните причини за несреќата, полицијата најави откако ќе заврши увидот, поради кој е затворен дел од автопатот кон Копер.