367
Ноќеска четириесетина минути по полноќ во СВР Тетово пријавено е дека на автопатот Гостивар-Тетово, на наплатната станица Гостивар, патничко моторно возило „сеат ибица“ со гостиварски регистарски ознаки управувано од 18-годишниот Е.З. од гостиварско Чегране излетало од коловоз и удрило во бетонски столб.
Во несреќата, Е.З. се здобил со тешки телесни повреди констатирани во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ каде бил пренесен за укажување на лекарска помош, а на пат за Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје им подлегнал на повредите.
На местото на несреќата јавен обвинител и екипа од Одделението за внатрешни работи извршиле комплетен увид.
По наредба на јавниот обвинител ќе се врши обудкција.