Тешка сообраќајка во Долно Коњари – малолетник удри во друго возило и пешак кој се бори за живот

Пешакот е пренесен на Клиничкиот центар и е во животно загрозувачка состојба

од Nikola Popovski
31 прегледи Фото: МВР

Денеска (25.01.2026) во 11:30 часот пријавена е сообраќајна незгода во с.Долно Коњари, скопско во која патничко возило со скопски регистарски ознаки управувано од малолетник удрило во паркирано патничко возило со скопски регистарски ознаки и пешак И.Ф.

Од незгодата со повреди се здобил пешакот кој е пренесен во Ургентен центар „Мајка Тереза“ каде му се констатирани тешки телесни повреди и е во животно загрозувачка состојба.

Известен е дежурен јавен обвинител за малолетници и се преземаат мерки за расчистување на случајот.