Тешка сообраќајна несреќа се случила синоќа на автопатот Врање – Лесковац, при што едно лице е повредено, јавуваат српските медиуми. Државјанин на Македонија, Н. К. (33), бил уапсен по наредба на Основното јавно обвинителство во Лесковац под сомнение дека синоќа со камион го усмртил пешакот Г. П. (57) од Грделица.
Според неофицијални информации, несреќата се случила кога, како што се сомневањата, Н.К. од Струга возел камион марка „Волво“ кон Лесковац и, од непознати причини, удрил во пешакот Г.П., кој починал од повредите на самото место.
Според достапните информации, осомничениот не застанал по несреќата, туку го напуштил местото на настанот.
Како што пренесуваат српските медиуми, со брза и ефикасна реакција на полицијата, осомничениот е лоциран и уапсен на оддалеченост од околу 320 километри од местото на настанот, во близина на Сремска Митровица.