Во текот на вчерашниот ден дошло до тешка сообраќајна несреќа во тетовско, во кое учествувало и возило кое било управувано од 13-годишно лице, информираат од МВР.
Според полицискиот билтен, во 16 часот во СВР Тетово пријавено е дека на локалниот пат Челопек- Милетино, во тетовски Челопек, се случила сообраќајна несреќа во која учествувале две патнички моторни возила со тетовски регистарски ознаки: „фолксваген голф“ управуван од 26-годишниот А.Т. од тетовско Милетино и „бмв“ што го управувал 13- годишен малолетник од Челопек.
Сопатниците од „голфот“ С.Т.(46) и 27-годишната М.Б. од Милетино се здобиле со тешки телесни повреди, а двајцата возачи со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, каде биле пренесени за укажување на лекарска помош.
Екипа на тетовската полицијата извршила увид на на местото на несреќата.