Тешка сообраќајка на патот Македонски Брод-Кичево, две лица повредени

од Nikola Popovski
134 прегледи

МВР соопшти дека вчера дошло до тешка сообраќајна несреќа на регионалниот пат Македонски Брод – Кичево.

Според полицијата, во 16.00 во ОВР Македонски Брод било пријавено дека кај местото викано ,,Ветарник“ дошло до сообраќајка помеѓу автомобил „мерцедес“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, управуван од М.М.(73) од с.Лисичани, Општина Пласница и автомобил „фолксваген голф“ со охридски регистарски ознаки, управуван од Е.Ј.(47) од с.Зајас, кичевско.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „голф“, А.А.(47) од с.Зајас, додека возачот Е.Ј. се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.

Слични содржини