Тешки борби за Бахмут, руските сили притискаат од три страни

од Stefanija Kuzmanovska

Тешките борби за Бахмут продолжуваат на истокот на Украина.

Додека руските сили го притискаат градот од три страни, украинската страна продолжува да го брани.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски се сретна со воената команда и најави уште порешителна одбрана на градот. Тој наведе дека ќе продолжи да го брани секој дел од државата.

Зеленски изјави дека му наредил на врховниот командант да најде соодветни сили за помош на војниците во Бахмут.

„Не постои дел од Украина за кој може да се каже дека е напуштен. Не постои украински ров каде што ќе се занемари издржливоста и херојството на нашите воини. Бахмут даде и дава еден од најголемите резултати во оваа војна, во целата битка за Донбас. И му благодарам на секој војник што се бори во оваа, најтешка област“, рече Зеленски.

Слични содржини