Тешко повреден мотоциклист после судар со автомобил во Скопје

од Nikola Popovski
120 прегледи

МВР извести дека вчера попладне дошло до сообраќајна незгода во Скопје, при што со тешки телесни повреди се здбоил еден мотоциклист.

-На 17.04.2023 во 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Александар Македонски“, ул.„Интернационални бригади“ и ул.„16 Македонска бригада“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Ш.(62) од с.Студеничани, скопско и мотоцикл со охридски регистарски ознаки, управуван од A.А.(25) од Охрид. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информираа од полицијата.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.