Тешко повреден пензионер на паркинг, возачот побегнал

од Nikola Popovski
278 прегледи

Повозрасен жител на Скопје бил удрен со автомобил на паркинг, информираат од МВР.

На 07.05.2024 во 20.00 часот во СВР Скопје, З.К.(75) од Скопје пријавил дека на 03.05.2024 околу 10.00 часот, на паркинг простор на ул.„Радишанска“ во Скопје, бил удрен од патничко возило „опел корса“, по што возачот го напуштил местото.

-Според пријавеното, на 07.05.2024 тој отишол на преглед во Градската општа болница „Св.Наум Oхридски“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, стои во полицискиот билтен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини