Тешко повредена 17-годишна девојка, во сообраќајка во Велес

од Берта Китинска

На крстосницата на улиците „Борис Трајковски“, „Христо Татарчев“ и „Кумановска“ во Велес рано утрово  во 03.30 часот се случила тешка сообраќајна незгода во која тешко повредена била 17-годишно девојче кое управувало со мопед „априлија“.

Во сообраќајката учествувало и патничко моторно возило „опел зафира“ со велешки регистарски ознаки, управуван од С.Д.(23) од Велес.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Велес.

Слични содржини