317
Патничка паднала во автобус на ЈСП „Скопје“ и се здобила со тешки телесни повреди, информираат од МВР. Несреќата се случила во текот на вчерашниот ден на булеварот Видое Смилевски Бато.
Патничката е на возраст од 84 години и со живеалиште во градот Скопје.
-Жената се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, објави МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.