Tesla доби дозвола да ја исече шумата за да гради „гигафабрика“ во Берлин

од Vladimir Zorba

Американската компанија Tesla доби дозвола од судот во Германија да продолжи со сечата на шумата во близина на Берлин за да ја изгради првата „гигафабрика“ во Европа, пренесе Ројтерс.

Судот ги отфрлил пријавите за запирање на сечата од страна на неколку еколошки друштва, додавајќи дека неговата пресуда е конечна.

Американскиот производител на електрични автомобили на Илон Маск минатата година најави дека во Берлин ќе биде изградена нова „гигафабрика“.

„Гигафабриката 4“ ќе биде во Берлин, а претходните три такви фабрики се во: Невада, Њујорк и Шангај.

Слични содржини