Балканските земји на есен оваа година ќе се договорат за продолжување на “Турски поток” во Европа. Но, тие стравуваат дека проектот нема да се одржи или да добие нов пат.
Министрите за надворешни работи на Унгарија, Србија, Македонија и Грција можат да потпишат наесен меморандум за изградба на гасовод од Турција до Австрија, соопшти за “Ведомости” еден од учесниците во проектот. Се очекува средбата да се одржи во септември, се планира и решение за подготовка на техничка и економска оправданост на проектот, потврди претставник на унгарската компанија за гас FGSZ која ќе биде одговорна за изградбата на цевката на територијата на Унгарија. Гасоводот е наречен “Тесла”, првиот состанок на работната група за проектот веќе се одржа на 25 јули, соопшти претставник на министерството за надворешни работи на Унгарија.
Проектот веќе е доведен за разгледување во Европската мрежа на операторите на преносните системи за гас (ENTSOG), за да може тој да добие статус на јавно важен. Претставник на ENTSOG го потврди тоа. Но, проектот се уште не се здобил со статус, се вели во материјалите на ENTSOG.
Предвидено е гасоводот “Тесла” да биде пуштен во употреба во 2019 година. Неговата моќ ќе биде 27 милијарди кубни метри, а должината 1300-1400 километри. Прелиминарната вредност 4-5 милијарди евра.
Конечната одлука за инвестирање се планира да биде донесена во првиот квартал на 2016 година, а почетокот на изградбата – во првиот квартал на 2017 година
На територијата на Грција исто така може да биде изграден крак за Италија, во таков случај моќноста на грчкиот дел од цевката може да достигне 42 милијарди кубни метри, односно во Италија “Тесла” можат да се транспортираат 15 милијарди кубни метри. Извор близок до грчката страна во преговорите, потврди дека Атина е заинтересирана за продолжување на “Турски поток” до Италија. Претходно за ваквата можност зборува и претседателот на “Гаспром” Алексеј Милер.
Инвестициите во “Тесла” во моментов не го вклучуваат кракот за Италија, изјави еден од соговорниците на “Ведомости”. Грчкиот вод со моќност до 42 милијарди к.м. Се проценува на 2 милијарди евра.
Се планира дека “Тесла” ќе добива гас не само од “Турски поток”, но и од гасоводот ТАНАП, изјави претставник на унгарското МНР. “Тесла” ќе може да работи и во обратен режим .
Проектот ќе одговара на сите барања на Третиот енергетски пакет, статусот на општествено значаен му е потребен, не за да добие исклучок од правилата, туку за да претендира за финансирање од фондовите на ЕУ, тврди еден од учесниците во него. Без тоа ќе биде невозможно да се најде финансирање, убеден е тој.
Продолжувањето на “Турски поток” во Европа е можно, изјави минатата недела пред “Ведомости” претседателот на Управниот одбор на австриската OMV Рајенер Зеле. Се претпоставува дека крајната точка на “Тесла” ќе биде Хабл Баумгартен, сопственост на OMV, пишува уште “Ведомости”.
