73
Лекарите започнаа со тестирање на првата mRNA вакцина против рак на белите дробови на пациенти во седум земји. Kлиничкото испитување на луѓе во фаза 1 е започнато на 34 истражувачки локации во седум земји: Велика Британија, САД, Германија, Унгарија, Полска, Шпанија и Турција.
Вакцината позната како „BNT116“ ја направи „BioNTech“, а работи на принцип на пронаоѓање на канцерогени клетки и потоа нивно убивање и спречување да се вратат, пишува „Гардијан“.
Целта на вакцината е да се зајакне имунолошкиот одговор на болно лице на рак, а здравите клетки да останат непроменети.