Тестовите на „Систина“ мора да се повторуваат, велат од Државниот инспекторат по направениот увид

од Vladimir Zorba

Државниот санитарен и здравствен инспекторат вчера извршил инспекциски надзор во „Аџибадем Систина“. Оттаму констатираат дека секој тест кој се прави во клиниката за коронавирусот мора да направат уште еден тест – антиген во Институтот за јавно здравје.

„Државниот санитарен и здравствен инспекторат беше на увид, беа констатирани условите во лабораторијата и беше повторена препораката дека за секој тест што ги анализира антителата мора да се направи и тестот на самиот вирус односно антигенот заради тоа што само тоа ја дава дефинитивната слика за состојбата, односно дали некој пациент или граѓанин со симптоми е носител на вирусот или не“, рече министерот за здравство Венко Филипче на денешниот прес.

Сите здравствени установи кои вршат тестирање на Ковид 19, добиените резултати се должни да ги достават исклучиво до ЈЗУ Институт за јавно здравје Скопје и истите не смеат да бидат јавно објавувани, соопштија денеска од Државниот санитарен и здравствен инспекторат.

Слични содржини