194
Тетовец заедно со сопругата го претепале својот сосед, извести МВР.
Вчера во 15 часот и 55 минути во СВР Тетово бил повикан 34-годишниот тетовец К.М. кој претходно бил пријавен од 34-годишниот тетовец З.Х., инаку негов сосед, дека околу 15 часот на улица „Питу Гули“ во Тетово физички го нападнал.
Според пријавеното, во нападот во кој учествувала и неговата сопруга, К.М. употребил и остар предмет и го повредил.
Тој, како што соопшти полицијата е задржан во Полициската станица Тетово, а пронајден и одземен му е и остриот предмет за вештачење.
Полицијата презема мерки за расчистување и документирање на случајот.