Тетово на нозе – се бара решение за загадувањето

од Vladimir Zorba
90 прегледи

Тетовци повторно во голем број излегоа на улица за да побараат почист воздух и да ги натераат институциите да си ја работат својата работа. Протестот денеска го организираат движењата „Еко герила“ и „Мајка и дете“, револтирани од катастрофалната еколошка состојба во градот.

26227golema

Тетовци втор ден продолжија со протестите поради големата загаденост на градот, блокирајќи ги трите главни влеза во градот и марширајќи низ улиците во градот.

Од властите бараат итни мерки за намалување на штетните состојки во воздухот, кои во вечераните часови се и до 20 пати над дозволеното.

Според нив, аерозагадувањето во градот е последица од лошите еколошки политики на власта, и на општината на чело со градоначалничката Теута Арифи.

252217_901859066571236_4092355257311672096_n „Нашиот град исчезнува, нашите граѓани се по болниците, на нашите животи им доаѓа крај. Оваа состојба не се толерира. Ова труење не се трпи!“, порачаа активистите од најзагадениот градови во земјава.

Тетовските градски власти од вчера донесоа одлука за прекин на наставата во градинките, основните и средните училишта поради аерозагадувањето. Според одлуката, која беше донесена по бојкотот и протест на дел од учениците,  наставате нема да се одржува до крај на полугодието.

Фото Радио МОФ