273
Шест пациенти починаа во КОВИД-центарот изминатите 24 часа, информираат за МИА, денеска од Клиничка болница Тетово. Најмладиот пациент имал 55, а најстариот 85 години.
-Имаме нови 16 пациенти примени на болничко лекување, а 10 исписи. Вкупно се хоспитализирани 105 лица од кои 104 се на кислородна поддршка, изјави координаторот во КОВИД-центарот, Гзим Нуредини.