268
Полициски службеници од тетовската полиција во координација со Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија Тетово и инспектори од Државниот пазарен инспекторат спроведоа акциска контрола во два угостителски објекти во Тетово и тетовско.
Според полицијата, во еден од објектите биле приведени седум државјанки на Република Албанија поради прекршок од Законот за странци.
Од СВР Тетово додаваат дека тие биле задржани во полициска станица и ќе им бидат поднесени соодветни поднесоци.