Затворениците во тетовскиот затвор уживаат во летните и топли денови, откако деновиве добиле базен во дворот од КПУ.
„И оваа година во затворот во Тетово е отворена летната сезона“, вака објави директорот на затворот, Ќефаил Хавзију, споделувајќи неколку фотографии.
Нагласи дека овие објави не ги прават за рекламирање дека е добро во затворот, туку за да ги утешат членовите на семејствата на затворениците.
„Потсетуваме и дека осудените не само што се казнуваат туку имаат и свои законски права, каде што воспитувачите соработуваат со нив прво да се прилагодат на правилата на куќниот ред како и да се ресоцијализираат и да се подготват по завршувањето на казната да се покајат за грешките што ги направиле, да не ги повторуваат и да продолжат со нормален живот“, додава Хавзију во својата објава на социјалните мрежи.
Исто така додава дека секторот за ресоцијализација работи секојдневно со нивните роднини, со едукативни методи за да можат по напуштање на затворот да продолжат со нормалниот живот.
Откако веста одекна во јавноста, директорот на својот Фејсбук профил ја избриша новоста околу базенот во кој уживаат затворениците.