Тежок удар за Арсенал, титулата сега е само фантазија!

од Vladimir Zorba
29 прегледи

Напаѓачот на Арсенал, Каи Хаверц се повреди на тренинг во Дубаи. Германскиот интернационалец ја скина тетивата и најверојатно нема да игра до крајот на сезоната, пренесува „Атлетик“. Сè уште не е јасно дали ќе биде неопходна операција.

Повредата на Хаверц го става Арсенал во исклучително тешка ситуација. Тешка повреда има и Габриел Жесус, а моментално е повреден Габриел Мартинели, што значи дека тимот практично останува без силен напаѓач. Единствената добра вест е што Букајо Сака неодамна започна со лесни тренинзи, но не се очекува да се врати на терените пред март.

Тоа значи дека Микел Артета моментално на располагање ги има само Леандро Тросар, неубедливиот Рахим Стерлинг и младиот Итан Нванери.

Сега одлуката на „топџиите“ да не доведат напаѓач во зимскиот преоден рок може да се покаже како грешка. Арсенал ја продолжува борбата за титулата, но заостанува шест бода зад лидерот Ливерпул, кој игра одложен натпревар против Евертон и може да ја зголеми предноста.

Лондонскиот тим се пласираше во осминафиналето во Лигата на шампионите, но веќе е елиминиран од ФА Купот и Лига Купот.

Со ваков тим, Арсенал нема многу да се радува на таа трка…

Слични содржини