Тежок удар за Ферари: Дисквалификувани Леклер и Хамилтон

од Vladimir Zorba
68 прегледи

Возачите на Ферари, Шарл Леклер и Луис Хамилтон, кои завршија на петтото и шестото место на неделната трка за Големата награда на Кина во Шангај, беа дисквалификувани откако стјуардите открија неправилности во нивните болиди.

Тежината на Ферарито управувано од Леклер беше под пропишаната вредност на мерењето по трката, што резултира со дисквалификација.

Возилото на Хамилтон беше во рамките на дозволената тежина, но судиите забележаа знаци на прекумерно абење на шасијата, што повторно доведе до дисквалификација на 40-годишниот Британец, кој во саботата славеше во спринт трката и со тоа ја постигна првата победа зад воланот на Ферари.

Французинот Пјер Гасли (Алпин) исто така беше дисквалификуван, откако ја мина целта на 11-то место.

По овие дисквалификации имаше промени во конечните резултати, како и во пласманот на Светското првенство, како во конкуренција на возачи, така и во конкуренција на конструктори.

Хамилтон падна на деветтото место во поредокот кај возачите со девет бодови, а Леклер е десетти со осум бодови. Ферари падна на петтото место со 17 бодови, а Вилијамс е на четвртото место со исто толку бодови.

ГН на Кина, резултати (305.066 км – 56 круга)

1. Оскар Пјастри (Авс/Мекларен) 1:30:55,026 часа
2. Ландо Норис (ВБР/Мекларен) +9,748
3. Џорџ Расел (ВБР/Мерцедес) +11.097
4. Макс Верстапен (Хол/Ред Бул) +16,656
5. Естебан Окон (Фра/Хаас) +49,969
6. Андреа Кими Антонели (Ита/Мерцедес) +53.748
7. Александар Албон (Тај/Вилијамс) +56.321
8. Оливер Бирман (ВБР/Хаас) +1:01.303
9. Ленс Строл (Кан/Астон Мартин) +1:10.204
10. Карлос Саинц Џуниор. (Шпа/Вилијамс) +1:16.387 …

Поредок кај возачите:

1. Ландо Норис (ВБР/Мекларен) 44 поени
2. Макс Верстапен (Хол/Ред Бул) 36
3. Џорџ Расел (ВБР/Мерцедес) 35
4. Оскар Пјастри (Авс/Мекларен) 34
5. Андреа Кими Антонели (Ита/Мерцедес) 22
6. Александар Албон (Тај/Вилијамс) 12
7. Естебан Окон (Фра/Хаас) 10
8. Ленс Строл (Кан/Астон Мартин) 10
9. Луис Хамилтон (ВБР/Ферари) 9
10. Шарл Леклер (Мон/Ферари) 8 …

Поредок кај конструкторите:

1. Мекларен 78 поени
2. Мерцедес 57
3. Ред Бул 36
4. Вилијамс 17
5. Ферари 17
6. Хас 14
7. Астон Мартин 10 …

Слични содржини