Бајковитата сезона за Аталанта и Џорџо Скалвини заврши во кошмар: младиот 20-годишен стопер на тимот од Бергамо речиси сигурно ги скина лигаментите на коленото на десет минути пред крајот на дуелот со Фиорентина (2:3) и нема да игра за Италија на УЕФА ЕУРО 2024 година.
Последниот дуел од Серија А беше целосно неважен, но селекторот Џан Пјеро Гасперини не ги поштеди репрезентативците. Скалвини го постигна вториот гол, но преоптовареноста (дури 44 натпревари) го зеде својот данок кон крајот на натпреварот.
Лекарите се речиси сигурни дека е оштетен предниот вкрстен лигамент на коленото, но денеска се чекаат специјалистички прегледи за да се постави точна дијагноза. Доколку се покаже дека лигаментот е оштетен, следува операција и пауза од шест до девет месеци.
Селекторот на Италија, Лучијано Спалети високо го цени Скалвини, кој од јануари 2022 година одигра дури осум натпревари за „азурите“, потврдувајќи го потенцијалот што го покажа од помладите селекции.
Италија ги има Алесандро Бастони и Матео Дармијан од Интер, Алесандро Бонџорно од Торино, Џанлука Манчини од Рома и Рикардо Калафиори од Болоња.