The National Interest: Русија располага со оружје за исклучување на целата електромрежа на САД на растојанието до 20 километри и ја гори секоја електроника

од desk4
779 прегледи

Покрај неодамнешната загриженост дека Северна Кореја создала електроматнитно оружје способно да ја наруши работата на електроенергетскиот систем на Америка, е игнорирана една друга закана: рускиот воен генератор “Ранец-Е”, соопшти The National Interest.

Борбеното име ЕМИ-генератор “Ранец-Е” зрачи електромагнетни импулси на 200-300 метри над позициите на противникот, користејќи генератор со висока фрекфренција и силно магнетно поле.

Таквиот удар не само ги исклучува компјутерите, радарите, системите за врски, но и ги прави трајно уништени за понатамошно користење, оштетувајќи ги нивните внатрешни елементи.

За човекот тоа оружје не претставува никаква опасност, но техниката целосно излегува од системот и затоа “Ранец-Е” е способен да функционира и како систем за ПВО.

Неговите задачи вклучуваат неутрализирање на способностите на авиони, крилести ракети и друга муниција со електроника.

Опсегот на ЕМИ генераторот достигнува 20 км за електронски компоненти и 40 км за електромагнетни сигнали.

Системот се состои од антена, генератор со голема моќност, контролни потсистеми, бројач и напојување. “Ранец-Е” може да се направи во стационарна и мобилна верзија.

Слични содржини