„The Streets“ имаат нов сингл и најавуваат албум по 12 години

од Radmila Tasevska

„The Streets“ се враќаат со нов, „вистински“ албум „The Darker The Shadow, The Brighter The Light“, кој, според Мајк Скинер, бил создаден цели седум години заедно со снимањето на истоимениот игран филм, ноир трилер за убиство во светот на лондонскиот музички клуб.

При креирањето на филмот и албумот Скинер се вратил на методот кој најмногу му одговара, па сè прави сам, пишува „Нови лист“.

„Поминаа седум долги години работа на овој филм и албум. Тоа е нешто што отсекогаш сум сакал да го правам и откако се занимавав со некои кратки музички и филмски форми, почувствував дека сум подготвен. Се обидов да одам по традиционалната рута, но секогаш ми успеваше подобро кога ги следев моите инстинкти и само одев сам, па режирав, глумев, ја монтирав, мешав, пишував, финансирав. Албумот е нераскинлива целина“ – го објасни најамбициозниот проект во кариерата Мајк Скинер.

Албумот со 15 песни, кој е и саундтрак за филмот, ќе излезе наесен на 20 октомври.

Најавниот сингл „Troubled Waters“ би можел да се нарече не само враќање на корените, туку и песна која потсетува на најдобрите денови на The Streets. Танцувачки, но некако тажен и меланхоличен, критичкиот став на Скинер за недостатокот на одговорност во денешното општество и еден вид презир кон хедонизмот кон кој бил склон како млад човек. Дали ова е само блесок на инспирација или останатите 14 песни се на истата патека, останува да видиме наесен кога ќе излезе првиот албум на The Streets по 12 години.

Слични содржини