Велика Британија се соочува со дипломатска криза, поради плановите на Доналд Трамп да создаде алијанса со Владимир Путин и го поддржи сирискиот режим, пишува The Telegraph.
Официјални лица предупредуваат дека Велика Британија ќе има некои “многу тешки” разговори со новоизбраниот претседател во следните месеци за пристапот кон Русија.
Ова стана јасно по првите интервјуа на Трамп по победата на претседателските избори, од кои станува јасно дека тој ќе ја повлече поддршката за бунтовниците во Сирија и ќе му се заблагодари на Путин за испратените “убави зборови”.
Трамп вели дека ќе ги здружи силите со Русија и ќе се фокусира на победата против “Исламска држава”. Пред извесно време, тој изјави дека би било “одлично” ако САД и Русија можат да работат заедно да ја “испратат по ѓаволите Исламска држава”.
Неговите ставови се во остар контраст со оние на Тереза Меј, која го обвини режимот на претседателот Башар Асад во извршувањето на “ѕверски насилства” и истакна дека долгорочната иднина на Сирија треба да е “без Асад”