Тиаго и Фабињо на линија за финалето

од Vladimir Zorba
314 прегледи

Тиаго Алкантара и Фабињо се очекува да бидат вклучени во групата на Ливерпул за претстојното финале во Лигата на шампионите против Реал Мадрид и денеска со соиграчите ќе отпатуваат во Париз, објавија „црвените“ на својата официјална веб-страница.

Тиаго продолжи со тренинзите откако беше принуден да го напушти теренот за време на натпреварот со Вулверхемптон минатата недела поради истегнување на мускулот.

Фабињо не играше од мечот со Астон Вила на 10 мај, кога исто така заработи повреда на мускулот. Тие двајца сега му се на располагање на Јирген Клоп за утрешниот натпревар. Сепак, сè уште не е јасно дали се подготвени да започнат како стартери.

Подоцна денеска менаџерот на тимот од Мерсисајд ќе ја одржи својата прес-конференција на која ќе ги соопшти сите последни детали за состојбата на неговите играчи пред утрешното финале.

Уште по последниот натпревар на Ливерпул во првенството стана јасно дека Дивок Ориги кој веќе го напушта тимот нема да биде достапен за финалето. Сите други играчи на Клоп се здрави.

Слични содржини