Тигар рашири паника во Санкт Петербург!

од desk3
76 прегледи

Тигрицата Герд од зоолошката градина во Санкт Петербург побегнала денес од келијата. Час потоа таа била фатена. Во меѓувреме пристапот за посетители на објектот бил затворен, пренесе РИА Новости.

“Тигрица беше смирена со хипнотици. Во моментов е во келијата и се освестува “, изјави претставник на зоолошката градина.

Во моментов зоолошката работи во вообичаен режим.