Тихановскаја: Јас сум единствениот лидер избран од народот

од Nikola Popovski

Поранешниот кандидат на претседателските избори во Белорусија, Светлана Тихановскаја оценила дека инаугурацијата на претседателот Александар Лукашенко во средата е негов обид себеси да се прогласи за легитимен.

Тихановскаја, која е во егзил во Литванија и која е главен противник на Лукашенко, додала дека народот не му дал нов мандат на белорускиот претседател, соопштува АП.

„Јас, Светлана Тихановскаја, сум единствениот лидер избран од народот на Белорусија. И нашата цел сега е да изградиме нова Белорусија заедно“, рекла таа во видео порака.

Ненадејна инаугурација во Минск

Претходно во средата, Лукашенко положи заклетва за нов мандат како претседател на Белорусија, на изненадувачка инаугурација, без претходно известување.

За време на церемонијата, полицијата ги блокирала централните улици во Минск, а јавниот сообраќај бил запрен.

Организацијата за човекови права „Вијасна“ соопшти дека неколку демонстранти биле уапсени недалеку од Палатата на независноста, каде што се одржала церемонијата, и дека со себе носеле транспаренти „Кралот нема одело“ и „Победата ќе му припадне на народот“.

Слични содржини