TikTok ја изгуби титулата на најпопуларна апликација

од Stefanija Kuzmanovska

Со месеци TikTok беше најпреземена апликација за iPhone. Оваа апликација ги воодушеви младите луѓе, а за време на пандемијата на коронавирус, за многумина беше главен извор на забава.

Меѓутоа, според податоците на аналитичката компанија Sensor Tower, во периодот од 1 април до 30 мај, местото на најпопуларната апликација го освои Zoom, апликација за видеоконференции.

Zoom е преземенa 94 милиони пати, додека TikTok има 71 милион преземања.

 

Слични содржини